Балкан
24. January 2018 - 11:17

Захариева: ЕУ не е доволно присутна во земјите од Западен Балкан

Бугарската министерка за надворешни работи Екатарина Захариева предупреди дека на Западен Балкан постојат странски фактори кои имаат силно влијание врз некои земји, но оти одговорноста за тоа ја има ЕУ бидејќи „не била доволно ангажирана“ во регионот.

– Постои (странско) влијание. Тоа е наша вина. Ние не сме доволно присутни и доволно ангажирани во земјите од Западен Балкан. Доколку нас не нема, тогаш е присутен и има силно влијание некој друг, кој не е дел од нашето европско семејство, ниту е дел од НАТО, подвлече Захариева во обраќање на надворешнополитичкиот комитет на Европскиот парламент.

Таа потврди дека Западен Балкан е најважен приоритет на шестомесечното бугарско претседателство со ЕУ, истакнувајќи дека регионот е многу важен за целиот континент.