Македонија
16. јуни 2018 - 16:43

Захариева: Договорот е зелено светло за почеток на преговори со ЕУ

Убедена сум дека по утрешното потпишување на договорот со Грција, Македонија ќе добие зелено светло за старт на преговорите со Унијата, порача шефицата на бугарската дипломатија Захариева која денеска е во Скопје. Очекува на 26 јунид а биде одреден датумот за преговори за Макеоднија.

Велид ека за Бугарија е прифатливо договореното име и дека сега претседавачот со ЕУ се надева на побрза интеграција на Скопје.

„ Ништо не добивме со тој 27-годишен спор. Ништо не добија граѓаните на двете држави пред потпишувањето на договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија. Ако Македонија на 26 јуни ги почне преговорите тоа нема да претставува загуба, туку само придобивка. Во спротивно ризикуваме одложување на целиот процес. Сметам дека македонскиот народ не заслужува да чека уште две и пол години за да почнат претговорите. Уверена сум дека следната недела ќе се ратификува договорот, за да може на 26 на Советот на ЕУ да биде дадено залено светло за Македонија да отпочне преговори, а потоа тоа да биде потврдено на Самитот на ЕУ,  изјави Захариева.

Нејзиниот домаќин Димитров смета дека утре е историски ден за МАкедонија кој ќе ги отвори вратите на ЕУ и НАТО.

Има сили што се борат за напред за иднината има сили што се борат за назад. Минатото не можеме да го смениме, иднината можеме . Мислам дека тоа е многу голем чин, на некој начин бевме охрабрени од Договорот за пријателство со Бугарија. Ова е нашето последно отворено прашање и на некој начин завршва една фаза на прашалници предизвици. Многу ќе биде важно овој чин да ги отвори вратите на ЕУ И НАТО бидејќи освен пријателство со Грција., македонските мотиви се да е отворат вратите и конечно да излеземе од таа чекална каде сме заклучени премногу години.

Димитров порача дека граѓаните ќе го имаат последниот збор на референдум.  

„Почитува различните ставови и мислења но и парламентот и претседателот, но ако граѓаните кажат да и тие ќе мора да кажат да.

Захариева и Димитров беа гости на отворањето  на македонско бугарскиот фестивал One love tour кој се одржува во Градскиот парк во Скопје.