Захариев вети јавен градски превоз во Штип
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Штип, Илчо Захариев на денешната прес-конференција вети воведување на јавен градски превоз по пат на јавно-приватно партнерство. Според неговата програма, општината ќе субвенционира 50 проценти од патниот билет.
- Организирањето на јавен превоз во градот и приградските населби е важен проект за општината бидејќи ова е голем проблем за населението во Овчеполието, кон соседната општина Карбинци и во Лаквичко. Ќе имаме дневен превоз од Три Чешми, од Чардаклија секојдневно, како и од Стар Караорман, а ќе ја поврземе и општина Карбинци со секојдневен превоз од Таринци и Карбинци. Исто така ќе ги поврземе и населбите од градот, Баби, Сењак, Автокоманда со центарот на Штип, во делот на Лакавичко до селата ќе има секојдневен превоз, а за овчеполските села, Врсаково и Криви Дол ќе организираме превоз за време на викендите, појасни Захариев.
Тој истакна дека од централното градско подрачје до големите населби 8-ми Ноември, Автокоманда, Сењак, Дузлак и Баби ќе имаа линии, а автобусите ќе кружат на половина час. Според него, со оваа линија ќе се поврзе највиталниот дел на градот каде живеат 30.000 луѓе.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО