Захариев вети инвестиции во културата и штипските манифестации
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Штип, Илчо Захариев на денешната прес-конференција потенцираше дека во неговата програма приоритет се и инвестицијата во културата. Тој забележа дека во изминатите години во штипско Ново село се изгради Музејот на истакнати личности од Ново село и штипскиот регион, потоа беа обновени неколку стари куќи во оваа населба и една на булеварот „Гоце Делчев“.
- Куќите во Ново село ќе бидат целосно обновени, доколку Министерството за култура одбие да финансира во Штип, тоа ќе го направиме ние, како локална самоуправа со нашиот локален буџет, ќе ги обновиме куќите на булеварот „Гоце Делчев“, ќе инвестираме во нашите културни институции, рече Захариев.
Тој истакна дека во програмата предвидено е да продолжи поддршката на манифестациите и фестивалите, кои се препознатливи за градот Штип.
- На тврдината „Исар“ на времето се направија голем број објекти, кои го нагрдија најзначајниот дел од нашата историја. Историјата на нашиот град е тврдината „Исар“, ќе треба да ја реставрираме и да ја обновиме на исти принцип како што е направена Самоиловата тврдина во Охрид. Секое дополнително нагрдување ќе го спречиме со сите наши сили, рече Захариев.
Тој вети дека ќе продолжи во инвестирањето на фестивалот за забавна музика „Макфест“, потоа манифестацијата „Штипска пастрамајлијада“ и во Штипско културно лето, а во селото Драгоево ќе биде обновен Домот на културата, каде ќе се направи Етно музеј, а сите националности кои живеат во општина Штип ќе имаат уредено по една соба.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари