Балкан
25. May 2016 - 8:33

Загрижувачки раст на сообраќајни несреќи во Албанија

За неполни пет месеци од годинава, повеќе од 50 лица ги изгубиле животите во сообраќајни несреќи по патиштата низ Албанија, јави дописникот на МИА од Тирана.

Според експертите, трендот на раст на сообраќајните несреќи е застрашувачки, имајќи предвид што се уште не почнала туристичката сезона кога се зголемува фрекфецијата поради туристите, но пред се, поради доаѓањето на емигрантите во родниот крај.

На сите патни правци во Албанија регистрирани се 144 „црни точки“ каде според еспертите од ова област полицијата треба да ги реорганизира своите служби за да спречи фатални сообраќајки.

- Сообраќајната полиција треба да ги подобри услугите на црните точки, планот на делување вклучувајќи и зголемување на патролите.Тоа ќе влијае на протокот на сообраќај, намалување на прекршоците и несреќите. Во тој правец секако ќе се намли најопасниот елемент во земјава, а тоа брзината, вели Артур Сулче, експерт од областа на патната безбедност.

Тешките сообраќајни несреќи во последните недели предизвикаа „војна“ на релација меѓу Министертвото за транспорт и сообраќајната полиција, кога станува збор за одговорноста. Сепак за експертите заа создадената ситуација неопходно е да заседава и владината комисија за безбедност во сообраќајот.