Македонија
16. September 2020 - 21:22

Загрижувачка состојба на истокот, не почитувањето на мерките главна причина за зголемен број на нови случаи

Последните неколку дена бројот на заболени од корона вирус на југоистокот бележи пораст. Ова посебно е изразено на подрачјето на Гевгелија и Струмица кои долго време беа на дното од табелата  . Според епидемиологот Сашко Олумчев главната причина за таквата состојба е непочитувањето на мерките за заштита. Ова негово тврдење тој го поткрепи и со посебен дијаграм на кој јасно е прикажано како се движи бројот на инфицирани лица од корона вирусот. Периодот кога на сила беа рестриктивните мерки и полицискиот час бројот е најмал и со денови без ниту еден заразен, како се олабавуваат мерките, така расте и бројот на заразени.

,, Во тој дијаграм многу јасно се гледа дека кога беа на сила рестриктивните мерки немаме ниту еден случај.  Толку јасна слика дава тој дијаграм. Се завршија рестриктивните мерки, попуштија, веднаш почнаа да растат случаите. Се олабавија луѓето во однесувањето, почнаа да ни се јавуваат уште повеќе случаи и тоа се повеќе со симптоми.,, вели д-р САШКО ОЛУМЧЕВ - ЕПИДЕМИОЛОГ.

Доколку ваквата недисциплина од страна на граѓаните продолжи ќе продолжат да растат и бројките на ново инфицирани , вели доктор Олумчев.

,, Ќе бидеме веќе отворени и малце по ригорозни. Значи причината е јасна и се гледа. Прошетајте низ градот и ќе видите дека имаме крајна не дисциплина, крајно непочитување на мерките и овие бројки се очекувани и сметам дека во текот на идниот период, следната недела ќе имаме уште поголеми бројки. Никој не почитува растојание, никој не носи маска, така да ова е сосема очекувано да имаме брз трансфер на вирусот од еден на друг. Значи тоа е очигледно, сакате во Гевгелија, сакате во Струмица ќе видите , истото е.,, вели д-р ОЛУМЧЕВ

Според последната статистика на подрачјето на Гевгелија има 53 активни случаи од кои 8 се од Дојра, 14 од Богданци, а 12 странски државјани. Во Струмица заклучно со вчера беа регистрирани 49 активни случаи, а уште две лица починаа.