Балкан
1. September 2017 - 8:34

Загреб: Плоштадот Маршал Тито преименуван во Плоштад Република Хрватска

Советниците во градското собрание на градот Загреб синоќа по долга расправа донесоа одлука за преименување на Плоштадот Маршал Тито во Плоштад Република Хрватска.

- Името Маршал Тито на еден од најубавите загребски плоштади замина засекогаш во историјата, пишува весникот „Вечерњи лист“.

Одлуката била донесена со 29 гласа за, 20 против и еден воздржан.