Загинати возачот и патниците од „реното“ во сообраќајката кај Драчево
Возачот и четворицата патници од возилото „рено 5“ се загинатите лица во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на булеварот „Борис Трајковски“ пред скопската населба Драчево.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајката се случила во 23:40 часот помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М. Ј.(44) од Скопје и патничко возило „рено 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј. Л. (43) од Скопје.
Возачот Ј. П. и сопатниците во возилото „рено“, С. Н., А. Т. (54) од Скопје, Е. Т. (37) од Скопје и И. А. (40) од Скопје починале на местото на несреќата.
Возачот на камионот М. Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози