Македонија
5. July 2022 - 16:27

Загинаа две лица откако врз нив падна кран - МВР со детали за несреќата

Министерството за внатрешни работи објави детали за несреќата во Кавадарци во која починаа две лица, а едно се здоби со повреди.

- Денеска (05.07.2022) во 09.37 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во зграда во изградба на бул.„Цветан Димов“ во Кавадарци, извршувајќи работни задачи, при пад од кран од здобиените повреди на местото починале С.С.(51) и М.Н.(31), двајцата од Скопје. Според пријавеното, со повреди се здобил и Ч.М. од Скопје и бил пренесен во болницата во Кавадарци за укажување лекарска помош., информира МВР.

Увид на местото вршат Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кавадарци. За случајот е запознаен и Трудов инспектор.