Loading Video...
Свет
8. February 2019 - 17:38

Загинаа десет млади фудбалери на Фламенго

Десет млади фудбалери загинаа во пожарот што го зафати тренинг-центарот на младинскиот тим на Фламенго, еден од најуспешните бразилски фудбалски клубови. Досега не е идентификувана ниту една жртва, но познато е дека заедничките простории што изгореле биле користени од играчите на возраст од 14 до 17 години. Засега не е познато што го предизвикало пожарот во тренинг-центарот во Рио де Жанеиро. Изгорениот центар лани бил проширен во инвестиција вредна 6,2 милиони долари.