-->
-->
Загина тракторист во струмичко Сачево
-->
Жител на селото Сачево на 69-годишна возраст денеска загина откако се здобил со повреди управувајќи го својот трактор.
Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.
Според неа, настанот бил пријавен во полицијата околу 12 часот.
-Загинатиот го управувал својот трактор во нива во село Сачево, се здобил со повреди по што починал на местото на настанот, изјави Трајанова.
Увид на местото каде загинал трактористот извршил јавен обвинител од ОЈО Струмица, увидна екипа на полицијата, а смртта ја констатирала екипа на Итната медицинска помош.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Само Скопје засега сиво
-
Тема на денот со д-р Татјана Колевска, специјалист онколог и хематолог
-
Обвинувања за случајот Вања
-
Само со разговор може да се надмине стравот кај децата по двојното убиство
-
Канење дете на кафе не е криминал?
-
Охридски хотел ги затрул гостите со хлор - две деца и петмина возрасни во болница
-
Опозицијата не го прифаќа Џафери за технички премиер - за ДУИ следен проект е Албанец шеф на државата
-
Дневната евтина струја се враќа по ист редослед како што се укинуваше пред неколку години