Македонија
20. July 2017 - 13:13

Загина тракторист во кумановско - го прегази неговиот трактор

Вчера околу 16,30 часот во с.Лопате-Куманово, Н.Ф.(49) од с.Лопате, собирајќи слама во сопствената нива, паднал од тракторска приколка на која бил качен и прегазен од тркалото од приколката.

Од страна на негови роднини истиот е пренесен во КБ- Куманово, каде е констатирана смрт. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Куманово.