Македонија
20. November 2019 - 17:42

Загина тракторист во атарот на охридско Ливоишта

Вчера околу 13.15 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош било пријавено дека во атар на охридското село Ливоишта, во несреќен случај животот го загубил С.К.(49) од истото село.

Полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки било констатирано дека околу 13.00 часот, додека обработувал нива со трактор, изгубил контрола, по што тракторот се превртел.

Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.