Македонија
16. August 2020 - 17:24

Загина редар на ридско – брзинска трка во Пробиштип

Во Пробиштип ридско – брзинската трка заврши трагично по животот на еден од редарите. Автомобил излетал од патеката и го удрил при што паднал во провалија. Лицето починало на пат кон болницата. Клубот „Кастум Кар Рејсинг“ информираше за несреќата.

-Крајната неспособност на АФМ денес доведе до жртва! На крајно небезбедна патека без банкини која нез наеме како можеле да ја лиценцираат и направат безбедносен план во Пробиштип каде овој викенд организираа ридско-брзинска трка згасна човечки живот кој беше удрен од тркачки автомобил на целта при тоа беше и дел од организацијата.

Одговорноста за овој настан треба да сноси целото раководство на АФМ а тоа се Ранко Станојковски, Павле Доневски и неговиот клуб Проспорт и Кристина Станојковска.

Големо сочуство до фамилијата од нас како спортски клуб, пишува на фејсбук страната на клубот.