Македонија
29. July 2015 - 16:50

Загина работник, тешко повреден сопственик на фабрика за мермер

Зоран Димески, 41-годишен работник во Фабриката за преработка на мермер и гранит  “Ла Писчина” од Прилеп, синоќа околу 19.30 часот, го згуби животот откако врз него паднал двотонски мермерен блок. Во трагичниот настан тешко е повреден  54-годишниот Жарко Стефаноски, кој е хиспитализиран во прилепската Болница, и според последните информации, и покрај тежината на повредите, тој, за среќа, е надвор од животна опасност. Неофицијало, повредениот Стефаноски е и сопственик на Фабриката, кој во моментот на страшната несреќа помагал при утоварот на мермерните блокови во товарно возило.
 
По извршениот увид од страна на истражен судија, телото на починатиот е предадено на обдукција што би требало да помогне во расветлувањето на причините кои довеле до големата трагедија.