Џет-Сет
19. December 2018 - 9:53

Загина позната пејачка, со автомобил слетала во Дунав

Канадската пејачка родена во Романија, Анка Поп загина на 34 години, пренесува АП.

Според неофицијални информации, пејачката излетала со автомобилот од пат и завршила во Дунав каде е пронајдено нејзиното безживотно тело.

Како што се наведува, исчезнувањето на Анка во полиција го пријавила нејзината сестра, а истрагата за целиот случај е во тек.

Анка Поп е родена на 22 август 1984 година. Во јули 2017 година го објави големиот хит со Горан Бреговиќ, преработка на песната „Ѓурѓевдан“ под името „Едерлези“.

https://