Македонија
26. May 2022 - 8:47

Загина пешак кај општина Ѓорче Петров

Едно лице загина кај општина Ѓорче Петров откако во него удрил автомобил, соопштија од МВР за МИА.

– Пријавено е дека кај Општина Ѓорче Петров, патничко моторно возило „Ауди“ удрило пешак. Пешакот починал, велат од МВР.

Нивна екипа е упатена на лице место. МВР ќе излезе со официјална информација, откако ќе заврши увидот.