Живот
23. јуни 2017 - 13:36

Загина на бизарен начин: Познатата млада блогерка ја уби десертот!

Познатата блогерка загина во обид да си подготви десерт.

Рутинската подготовка на десерт ја чинеше живот Ребека Бургер (33) блогерка и фитнес модел.

Имено, шишето за шлаг експлодирало и ја погодило точно во гради, по што доживеала смртоносен срцев удар.

Бизарната трагедија се случи во нејзиниот дом во Франција.

Семејството на починатата девојка објави фотографија од спорото шише за шлаг, предупредувајќи ги останатите корисници за потенцијалната опасност.

Инаку, фитнес блогерката имала околу 55.000 фанови на Фејсбук и околу 150.000 следбеници на Инстаграм.