-->
-->
Загина градежен работник во Тафталиџе, железна арматура паднала врз него
-->
Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на објект во изградба на улица „Лондонска“ во Скопје, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала Речица, починал градежниот работник М.А.(33) од село Челопек, тетовско.
Според пријавеното, додека М.А. се обидувал да натовари железна арматура на кран, арматурата се откачила и од висина од околу два метри паднала врз него.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен