-->
-->
Загина гледач на релито Монте Карло
-->
Гледач кој ја следел првата етапа на првото рели во сезоната од World Rally Championsip, која се вози во монте Карло загина откако во него удри автомобил.
Организаторите соопштија дека гледачот го удрил автомобил управуван од новозеландскиот возач Хајден Падон, за време на првата од двете ноќни трки одржани во четврток навечер.
Првата етапа на трката е откажана, а втората се возеше нешто подоцна. Релито во Монте Карло завршува во недела.
Тимот на Падон, Hyundai Motorsport го повлече автомобилот од релито.
„Во знак на почитување на гледачот кој загина, одлучивме да го повлечеме автомобилот со број 4. Инцидентот се случи кога автомобилот Hyundai i20 Coupe WRC на Хајден Падон и совозачот Џон Кенард удри во мраз, а потоа заврши надвор од патеката“, соопштија од тимот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ТикТок: Патарини поминуваат со полициски палки и значки
-
Во светот повеќе од 94 милиони луѓе заразени со Ковид-19
-
Од една до пет години затвор за лицето што го запали бугарското знаме во Вевчани
-
ВМРО-ДПМНЕ: Откако не и успеа манипулацијата со финскиот модел, Царовска сака предметот историја да го избрише на насилен талибански начин
-
Активни 16.231 случај со Ковид-19, расте бројот на оздравени пациенти
-
„Пејпер Мил“: Одлуката за прекин на работењето не беше лесна
-
ЦДУ го бира наследникот на Меркел
-
Силен земјотрес регистриран во Татарски Теснец