Македонија
29. јуни 2016 - 18:15

Загина 7 годишно дете во тетовско паднала метална врата врз него

Без знаци на живот, вчера околу 20 часот, во тетовската клиничка болница било донесено 7 годишно дете од тетовското село Вратница. Како што информираа од полицијата врз детето паднала метална врата.
 
Во април годинава во основното училиште во гостиварското село Добри Дол, металната врата на дворот од училиштето падна врз четиригодишно дете, кое подоцна почина во болница.  Минатата година пак, метална врата во фабрика во село Непроштено падна врз дванаесетгодишно дете од Тетово и го усмрти.