Македонија
31. January 2018 - 16:21

Загина 34 годишен возач на патот Штип- Кочани

За неполна една недела втора жртва на регионалниот пат Штип-Кочани. Доцна синоќа загина 34 годишен маж од кочанското село Бели. Како што информираат од полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 22 часот, кога кочанчанецот управувајќи го своето возило марка „Форд фокус“, од засега не утврдени причини,  изгубил контрола над возилото во близина на село Тркање, излетал од патот и паднал во коритото на Трканска река.

- Во незгодата на лице место починал возачот,  а смртта ја констатирал лекар од итната медицинска помош од Кочани- изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип

Увид на местото на несреќата изврши јавен обвинител и полициска екипа од Кочани. Поради се почестите сообраќајни несреќи на патиштата на Истокот, а некои од нив завршија и со смртни последици, СВР –Штип најави зачестени полициски контроли со цел за зголемување на безбедноста во сообраќајот.