Македонија
27. July 2021 - 16:21

Загина 32-годишник, со возилото излетал од патот

32-годишен маж починал откако со возилото излетал од патот.

- На 27.07.2021 околу 04.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Ржаничино – с.Таор, патничко возило „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(32) од Скопје, излетало од патот. Возачот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.