Македонија
28. February 2016 - 14:30

Загина 20-годишен моторџија кај Велешта

Вчера околу 15,20 часот на регионалниот пат Струга-Дебар кај с.Велешта случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Сеад Кордоба“ со охридски регистерски ознаки управувано од Џ.М. (22) од с.Подгорци-струшко и моторцикл„Сузуки“управуван од Един Р. (20)-с.Октиси-струшко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот кој бил пренесен во Специјалната Болница „Св.Еразмо“-Охрид каде што околу  17,20 часот им подлегнал на повредите.

Увид на местото на настанот извршил ЈО и увидна екипа на ПС-Струга, а по наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.