Загадувањето во Тетово голем предизвик, ќе дишат ли тетовчани почист воздух оваа зима?
Во центарот на Полог под падините на најмасивната планина Шара лежи град кој денес е познат како најзагаден во Европа. Парадоксот во Тетово е голем колку и градот. Тетово има на располагање голем број природни ресурси но истите од густиот чад и смет не се забележуваат. Ова е една од дивите депонии кои до скоро со реата што ја ширеше одовде ги труеше тетовчани. Преку голем број на протести, иницијативи постојано се бараше решение за дивите депонии во градот, но локалните власти заглавија на празни ветувања. Еден топол августовски ден оваа депонија беше запалена а над тетовчани надвисна облак од штетните пм 10 честички и тоа со фрапантни 280 микрограми измерени на метар кубен. По години поминати, конечно пред неколку дена дивата депонијата на влезот од градот е елиминирана. Но, екологистите не се задоволни, од искуство велат ова не е трајното решение.
Привременото затворање на Југохром беше само еден од чекорите кои требаше да се преземат, но со тоа не се реши трајно проблемот со загадувањето, сметаат од ЕКО Герила. На загадувањерто на амбиенталниот воздух влијаат и домаќинствата кои во огромен број се греат со дрва.
Тетовчани не знаат како е да се користи јавен превоз, во еден од најголемите градови во Македонија градски автобуси нема.
Пред 2 години поплава во Тетово предизвика и излевањето на реката Пена. Една од причините кои тогаш ги наведоа надлежните е неисчистеното корито. Градежен шут, медицински отпад, смет, фекалии се фрлаат во реката. Кејот на реката наместо да се користи за рекреација , стана еколошка катастрофа.
Загадувањето во Тетово останува и натаму голем предизвик. Можат ли тетовчани да дишат почист воздух оваа зима, останува да видиме.
Ново на Сител
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили