Македонија
9. November 2018 - 16:26

Загадувањето руши рекорди, а власта на локално и централно ниво нема конкретни мерки

Жителите на Скопје се потешко дишат. Загадувањето и синоќа беше загрижувачко во повеќе општини. Главниот град повторно влезе во топ 10 најзагадени.

Локалната власт посочува дека греењето на дрва и други несоодветни материјали најмногу придонесува за високата концентрација на штетни ПМ честички.

Удел имаат и сообраќајот, индустријата и градежните активности. Тврдат дека преземале мерки и вршеле засилени контроли, но проблемот не можел да се реши оддеднаш.

-Досега имаме 27 точки кои се преземени, изјави Ваљон Салиху, портпарол на Град Скопје.

Портпаролот на градот ја спореди состојбата со  загадувањето со ноември пред 2 години кога беше многу постудено.

-Кога граѓаните ќе го почувствуваат бенефитот од сите овие точки кои ги преземавте и ќе дишат почист воздух?

-Па мислам ако споредиме со претходните години, во ноември пред 2 години и сега колку толку воздухот е почист, работиме, не е нешто што може да се реши оддеднаш, додаде Салиху.

Од Град Скопје се пофалија дека во септември и октомври изрекле за 120 отсто повеќе казни за несовесни граѓани кои загадувале во однос на истиот период лани.

Фатиле малолетници кои гореле кабли во Лисиче и најавија дека ќе бараат поголеми казни во законот за јавна чистота од 50 евра колку што сега. Од утре сите граѓани на 193 ќе можат да пријавуваат и ако забележат дека некој пали оган на отворено, а мешани тимови веднаш ќе излегле на терен и ќе санкционирале.