Македонија
17. December 2019 - 17:00

Загадувањето на воздухот прва точка на Советот за безбедност во понеделник

Аерозагадувањето ќе биде прва точка на советот за безбедност кој ќе се одржи на 23 декември.

Претседателот Пендаровски во своето годишното обраќање во Собранието ќе го акцентира овој проблем. Смета дека државата е прилично назад во справување со загадувањето и потенцира дека најтешкото и најскапото поглавје за преговори со унијата е токму поглавјето 27 за животната средина.

- „На 23 декември за првпат во нашата историја на советот за безбедност ќе разговараме за аерозагадувањето и ќе бидат повикани нво и мин за жив. Да ги соочат аргументите. Потребна е една надпартиска , државна стратехгија бидјеќи сметам дека тоа е прашање што не може да го реши само една влада, само еден претседател ,само еден градоначалник “, истакна претседателот Пендаровски.

Деновиве кога загадувањето достигнува високи пикови, се погласни се барањата на граѓаните да се активираат итните мерки за заштита на населението од штетниот воздух. Но, според министерот за животна средина се уште не е енормно загадено. Нуредини апелираше до граѓаните да внимаваат што користат за затоплување но, не знае до каде е процесот на субвенционирање инвертори.

Еко активистите оценуваат дека плант за чистне дава резултати и ги повикаа граѓаните да покажат поголема свесност и да се спротистават на надлежните.

Луѓето кои живеат во Западен Балкан во просек губат речиси една ипол година живот поради аерозагадувањето итакна генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мејлинда Брегу во својата последна колумна. Брегу потенцира дека прераната смртност достигнува до бројка од 5000 луѓе од 19 градови во регионот.