Македонија
19. November 2019 - 16:39

Загадувањето меѓу причините за зголемен број заболени од рак на бели дробови

Загадениот воздух е една од причините што 1000 луѓе годишно добиваат рак на бели дробови и повеќе од 140.000 живеат со хронична опструктивна белодробна болест.  Опасните ПМ честички според пулмолозите можат да предизвикаат сериозни компликации кај пациентите.

-Не може да го исклучиме влијанието на аерозагадувачите за карциномот на бели дробови, но има и други причини. Но она што можам да го кажам е дека кај вакците пациенти, ПМ честичките кои се многу мали се депонираат најдлабоко во дишните патишта а може и во алвеолите и за нив постојат студии дсека можат да бидат еден од факторите за карционом, вел идр. Дејан Докиќ директор на Клиника за Пулмологија.

Клиниката за Пулмологија доби од Министерството за здравство 3500 маски за заштита од загадувањето кои им ги делат на паиценти со асатма и хронична белодоробна опструктивна болест. Во периодот кога воздухот е најзагаден, пулмолозите со препорака до нивните пациенти да седат дома.

-Ако мора да излезат да носат маски, ако не кога е енормно загадувањето да седат дома, да не отвораат прозори за да не влезе загадениот воздух и да јадат храна со антиоксиданси, вели Докиќ.

Истите совети за превенција и носење на маски ги кажуваат и педијатрите од Детска клиника и болницата во Козле за заштита на децата.

Минатиот месец Скопје и Куманово неколкупати беа рекодери во светот поради алармантното загадување на воздухот.