Македонија
31. October 2019 - 16:53

Загадениот воздух редовен памфлет од предизборие - Што вети, а што реализира локалната власт за почист воздух?

Да помина оваа сезона и од следната година премиерот ветува гасификација во 10 поголеми градови и електричен трамвај во Скопје. Пред народните избраници Заев најави побарување на кредит од 100 милиони евра за новиот јавен превоз. Оваа зима против загадувањето владата ангажира тимови со седум владини советници и сите надлежни инспекторати заедно со МВР да се справуваат со огновите на јавни места. 

И премиерот но и градоначалниците во изборните кампањи  најголеми ветувања дадоа  за почист воздух. Две години по ред  Скопје и уште неколку македонски градови се на врвот на листата најзагадени во светот. Исто толку се на власт и градоначалниците кои ветуваа почист воздух за сите. Градоначалникот на Скопје смета дека се што ветил во својата програма веќе го имплементира, а дел од вината зошто нема резултати во  справување со загадувачите ја префрли на приградските општини.

„Откако сум градоначалник во интервентна смисла воведовме 39 мерки, свесен сум дека тие мерки заради природата на изворите на загадување неможат да ги дадат резултатие. Оди напред. Почнуваме со имплементација на овие стратегии. Загадувањето не исчезнува преку ноќ. Замолувам да не дадеме третман дека загадувањето е некаде надвор. Сите мораме да смениме дел од нашите животна навики, изјави Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје.

Но, со овие оценки на Шилегов, не се согласуваат ниту едно една невладина организација, кои според нивните анализи велат дека градоначалникот од 31 превидан м,ерка за почист вопздух, релизирал само една. Тие веќе по социјалние мрежи го потстетуваат на неговите ветувања од пред две години.

– Овде во Кисела вода ќе почне ревитализација на планината водно ќе ја сопреме дивата сеча. Пречистителни станици и колектори. Во Скопје нема ништо побитно од здравјето на граѓаните. Предвидуваме да заврши со системска работа загадувањето. Сите неопходни мерки во различни сегменти. Како нова градска власт ќе преземеме краткорочни и долгорочни мерки. Паркови и зеленилото драстично да се зголеми. Ќе биде воведена дежурна инспекцискаа служба ќе има засилен мониторинг на сите загадувачки супстанци.Нови економични извори на енергија. Огревно дрво а јавниот превоз ќе се одвива по повисоки еколошки стандарди, изјави тогаш Шилегов.

Во меѓувреме, граѓаните гневни бараат војската да ја преземе контролата.Од претседателот на државата еко здруженијата побараа  припадниците на армијата  деноноќно да  патролираат низ државата за да се спречи секаков вид палење кое дополнително го загадува воздухот.