Македонија
24. јуни 2020 - 20:12

Заев: Зибери не може да им помогне на ДУИ за 20 дена, нив им требаат 4 години во опозиција за да се реформираат

„Што да кажам, уште еден шпицен кандидат. Немаме ништо против човекот, но верувам дека неговото учество во вака уценувачка понуда не е соодветно. Тој за 20 дена не може да го реформира ДУИ, на ДУИ му треба поминување во опозиција 4 години за да може да се реформира да биде добра партија.

Верувам дека ова е само политика и политиканство затоа што мандатот на крајот на денот го даваат граѓаните. Тие бираат личност, кадар посветен, што тоа го докажал досега и верувам дека на 15 јули граѓаните преку својот глас ќе определат кој ќе биде идниот премиер на македонската Влада.“