-->
-->
Заев: Земјите од Западен Балкан да учествуваат во градењето посилна ЕУ
-->
- Сега е време да се препознае моментот земјите од Западен Балкан да учествуваат во градењето на посилна ЕУ, порача премиерот Зоран Заев денеска од Софија каде што учествуваше на меѓународната конференција „Демократија што испорачува: Откочување на потенцијалите на Западен Балкан десет години подоцна“.
На конференцијата, на која Заев беше поканет од фондацијата Конрад Аденауер и тинк-тенк организациите Центар за студии по демократија и Европски фонд за Балканот, потсети дека граѓаните во Македонија срушиле авторитарен режим со пенкало на избори и со решителна волја за враќање на демократијата.
- Успеавме да го направиме она што честопати се стремат да го направат многу земји ширум светот, но ретко успева, нагласи премиерот Заев, додавајќи дека надминувањето на кризата било само половина од приказната.
Тој додаде дека е создаден систем на добро владеење којшто се заснова на четири столба, а се осврна и на доброседските односи со државите од регионот.
- Донесовме нов дух во односите со соседите. Отворивме дијалог за решавање на проблемите. Градиме мостови за соработка врз основа на взаемна доверба и почит, и постојано инсистираме да се оствари победа-победа за сите билатерални прашања, нагласи Заев, додавајќи дека во тој дух се остваруваат и разговорите со Грција околу спорот со името и дека се во многу напредна фаза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор