Заев: Заложбите за нулта дискриминација, градење, еднакво, праведно и правично општество ги остваруваме и преку ново законско решение
Денеска, на 1 март, го одбележуваме Денот на нулта дискриминација. Ден на Обединетите Нации со кој ги повикаа народите да го слават правото на секој да живее полн достоинствен живот без оглед на возраст, пол, расна и етничка припадност или убедување. Ова е денот кога ја нагласуваме еднаквоста и еднаквиот пристап на сите без исклучок кон човековите права и кон еднаквиот пристап кон општествените ресурси затоа што тие им припаѓаат на сите граѓани на заедницата, напиша на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.
Заложбите за нулта дискриминација, градење, еднакво, праведно и правично општество, посочува премиерот, ги остваруваме и преку ново законско решение со кое граѓаните добиваат соодветна правна заштита и општество кое ги негува различностите и овозможува услови за развој за сите.
Во новиот текст на Законот за првпат сексуалната ориентација и родовиот идентитет се воведуваат како основи за дискриминација. Со Законот за спречување и заштита од дискриминација, целосно усогласен со правото на ЕУ и меѓународните стандарди и со позитивно мислење од Венецијанската комисија, како и од граѓанските организации, обезбедуваме ефикасна регулатива која воведува принципи на еднаквост и ефикасна заштитата од секаков вид на дискриминација.
Законот го зајакна и капацитетот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, ги прошири нејзините надлежности во делот на превенција и го фокусираше нивното внимание на активна грижа и заштитата на граѓаните од сите форми на дискриминација, напиша премиерот Заев.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок