Македонија
14. December 2018 - 16:04

Заев: Законот за амнестија нема да важи за сите, но нема да има казни повисоки од 10 години затвор

Законот за амнестија нема да ги ослободи сите. Казни ќе има, но тие нема да бидат поголеми од 10 години. Премиерот Заев најави дека очекува законското решение да биде комплетирано до крајот на оваа или најдоцна до почетокот на идната недела

Заев вели дека со ова решение, Власта не планира да се меша во работата на судството.
Пратениците кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ и со кои власта го турка овој процес исто така се надеваат дека законското решение ќе биде комплетирано до понеделник. Претходно, тие потврдија дека освен поддршката за промената на уставното име се договориле со мнозинството да дадат поддршка и за т.н. рефромски закони кои исто така во понеделник влегуваат во Собранието.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека нема да прифатат селективна аменстија

Со или без поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието нема да има проблем да го донесе законот за аменстија бидејќи за него е потребно апсолутно мнозинство од 61 пратеник.