Македонија
13. јуни 2021 - 16:02

Заев заедно со Османи и Бектеши пристигнаа во Букурешт за да ги поддржат македонските фудбалери

Заев, Османи и Бектеши пристигнаа во Букурешт за да ги поддржат македонските фудбалери

Премиерот Зоран Заев заедно со министрите за надворешни работи и за економија Бујар Османи и Крешник Бектеши пристигна во Букурешт.

-Доаѓаме за да ги поддржиме македонските репрезентативци. Заедно сме посилни, само сплотени можеме да успееме. Напред момци, цела држава навива за вас, напиша Заев на Фејсбук.