Македонија
25. September 2018 - 16:22

Заев: За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат

На прашањето дали неуспешниот референдум би значел и предвремени парламентарни избори, претседателот на Владата посочи дека референдумот дава сериозни насоки за политичарите.

- За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат. Ако има мнозинство со „против“ макар и еден глас повеќе, тоа значи јас и Парламентот сите го поништуваме договорот. Ако има видливо огромно мнозинство со „за“, тоа значи дека сите без разлика дали се власт или опозиција треба да ја следат насоката што ја дале граѓаните. Верувам дека гласот на граѓаните и одлуката на граѓаните е правецот по кој ќе се движат политичките партии. Штом граѓаните одлучуваат ние политичарите ќе добиеме патоказ и само треба да го следиме тој патоказ, рече Заев.