Македонија
15. July 2019 - 14:03

Заев за подолгата верзија за Нешкоски: Се гордeам што успеав да го откријам и објавам злото

Премиерот Зоран Заев тврди дека и кратката и долгата верзијана објавените снимки за убиствотот на Мартин Нешкоски покажуваат дека поранешниот премиер Никола Груевски и поранешната министерка Гордана Јанкулоска го криеле убиствототна Мартин Нешковски. 

Пуштил пократка верзија оти со тоа јасно се прикажувала интенцијата, а сите разговори се предадени во СЈО. 

- Таму има уште многу разговори и јасно во сите се гледа дека се обидуваат да скријат убиство и да монтираат притвор и тоа го потврдувам. - рече Заев на прес-конференција, нагласувајќи дека не чувствува одговорност за објавените снимки, туку горд е што објавил, како што рече, злото од тоа време.

 

Катерина Нешкова