Заев: За овие 4 години Кисела Вода се разви како никогаш досега
Вие бевте овде кога се боревме со режимот, сега сте тука кога создаваме убава иднина“, соопшти претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашната трибина со граѓаните во скопската општина Кисела Вода.
Претседателот на СДСМ, Заев, посочи дека убава иднина има државата, но и секоја општина и секое маало.
„Напредуваме! Создаваме нови работни места, градиме и инфраструктура и нови паркови. Денес парите се трошат за потребите на граѓаните“, посочи претседателот на СДСМ, Заев.
„Го кренавме економскиот стандард. Расте просечната плата, расте минималната плата. Вложуваме во инфраструктурата, изградивме и реконструираме околу 60 градинки, голем број основни и средни училишта, 80, повеќе од 50 полициски станици, над 500 километри водоводи и канализации, над 1.000 километри патишта.
За овие 4 години, Кисела Вода се разви како никогаш досега. И затоа ние сме најдобрите и го нудиме Најдоброто“, порача претседателот на СДСМ, Заев.
Тој додаде дека и во Кисела Вода и насекаде низ државата, се работи посветено и со љубов за општините и за својот народ, дека граѓаните едноставно може да споредат како било порано, а како е денес и дека верува дека граѓаните на општината Кисела Вода ќе ја дадат повторно довербата на сегашниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за нов мандат, Филип Темелковски, а низ државата најголемата поддршка ќе ја добие коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот