Заев за ИБНА: Очекуваме посета на Ципрас, а потоа јас да одам во Атина
За прва посета на грчкиот премиер на Скопје можеби уште во март или април, но и за посета на Атина со владиниот авион на Република Северна Македонија, говори македонскиот премиер Зоран Заев за Независната балканска новинска агенција (ИБНА), од Минхенската безбедносна конференција, јави дописничката на МИА од Атина.
-Сега и официјално сме Северна Македонија, сменивме многу симболи во целата наша земја и секако ја очекуваме првата посета на Алексис Ципрас, можеби во март или април, кога е најдобро за него. Потоа јас ќе ја посетам Атина, нешто што е многу добро, бидејќи често го посетувам Солун и сигурно ќе го посетам повторно. Но, во Атина, ќе дојдам за прв пат со владиниот авион на кој ќе пишува “Република Северна Македонија”, за да им покажам на нашите пријатели од Грција, од грчката Македонија, дека се држиме до договорот и сакаме пријателски односи со јужниот сосед, вели Заев.
Премиерот за ИБНА говори и за наградата што вечерва, на Минхенската безбедносна конференција, ќе им биде врачена на него и неговиот грчки колега за Договорот од Преспа. Вели дека е голема чест и живее еден од неговите соништа, Грција да биде земја пријател.
-Голема чест е што ќе ја примиме оваа награда од Конференцијата за безбедност во Минхен, една од најважните светски конференции. Значаен е фактот што сме позитивен пример, покажувајќи му на светот дека преку европските практитки и однесувања, може да се постигнуваат договори, дури и за чувствителни прашања како што е името на една земја, посебниот идентитет на двете земји и како се градат пријателства за иднината на пријателски начин и отворајќи врати за новата генерација, за нашите деца, објаснува Заев, за Независната балканска новинска агенција, пренесе МИА.
Тој додава дека сака да се реализираат проекти поврзани со проекти во енергетиката и инфраструкттурите, да се отворат нови гранични премини, “за нашите граѓани да патуваат на Егејското море, а грчките граѓани да доаѓаат за бизнис”.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка