Заев за АНА-МПА: Решение што ќе ги заштити достоинството и идентитетот на двете страни
Градењето заемна доверба и гаранцијата дека решението ќе биде конечно и ќе ги заштити достоинството и идентитетот на двете страни, се најважните делови од преговарачкиот процес, вели македонскиот премиер Зоран Заев во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА.
Заев истакнал дека Скопје нема иредентистички аспирации и според државната агенција, додал дека „Алексис Ципрас е искрен и верува дека решението на проблемот со името ќе биде добра разврска за неговата земја“, јавува дописникот на МИА од Атина.
- Градењето доверба меѓу двете страни - она што го правиме сега - и како ќе им гарантираме и на двете страни дека конечното решение ќе биде засекогаш, дека ќе ги заштити достоинството и идентитетот на двете страни, е најважниот дел од процесот, рекол премиерот Заев за АНА-МПА за врме на неговата официјална посета на Берлин.
Во однос на тоа дали постои можност да се постигне решение до следниот НАТО Самит во јули, Заев вели дека постојат разликите во прашањето за името, но постои и можност за решение, со гаранции за народот, а не само за политичарите.
- Постои можност да најдеме решение, но само ако изградиме доверба и ги дадеме неопходните правни гаранции во преговарачкиот процес во однос на она што ќе биде прифатено од народот, а не прифатено само од Заев и Ципрас или од Димитров и Коѕијас, рекол македонскиот премиер за грчката државна агенција, пренесува МИА.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација