Заев: Вредностите на ООН остануваат вечни и актуелни
Вредностите на организацијата на Обединетите нации остануваат вечни и актуелни, пишува премиерот Зоран Заев, на својот фесјбук профил по повод 24 октомври денот на основање на ООН.
– Во времето во коешто живееме, време на глобални безбедносни, климатски и здравствени закани, вредностите на кои се издигна организацијата на Обединетите нации – мир, развој, човекови права и еднакви шанси за сите, остануваат актуелни и вечни вредности, пишува премиерот Заев.
Република Македонија според премиерот Заев, го дава својот активен придонес во остварувањето Милениумските цели за одржлив развој на Обединетите нации. Тоа е цивилизациска, хуманистичка и човечка обврска која е многу посилна од законската и која произлегува од ратификацијата на декларациите на Обединетите нации.
– На денешен ден, на 24 октомври 1945 година, кога светот започна да ги залекува раните од тукушто завршената катастрофална Втора светска војна, со објавата на Повелбата на народите се роди организацијата на Обединетите нации. Организација, која на сите народи им донесе надеж за подобра иднина и за мир во светот. И денеска 76 години подоцна Обединетите нации и сите нејзини агенции, сите луѓе вклучени во програмите на организацијата на народите, сѐ уште ја одржуваат и ја шират таа иста надеж дека секој конфликт има мирна разрешница и дека секое прашање од животна важност за сите луѓе на светот, има одговор кога сите народи се обединети, вели Заев.
Тоа се вредности околу кои се обединуваат сите прогресивни сили во светот и кои повикуваат и денеска кога славиме 76 години од основањето на ОН, да продолжиме да ги шириме надежта и уверувањето дека заедно имаме одговор на сите современи предизвици и дека никој нема да биде запоставен, додава Заев.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор