Македонија
22. October 2016 - 16:57

Заев во Валандово: Ќе ја зголемиме минималната плата

Повисока минимална и просечна плата и враќање на 15 проценти од данокот на додена вредност најави лидерот на СДСМ  Зоран Заев од  Валандово.  За време на средбите кои ги оствари со граѓаните на Валандово Заев порача дека дека иселувањето од Македонија мора да застане. Вака ниту народот ниту земјата имаат  иднина рече тој потенцирајќи дека конечна цел морало  да биде враќање на парите назад кон граѓаните, цел која можело да се оствари со мерките кои тие ги планираат доколку ја добијат поддршката од граѓаните.

-Покрај она за што многу често зборуваме, а тоа е минималната плата од 12 000 денари за четири години да ја дигнеме на 16 000, просечната плата да биде 30.000 денари. Во едно семејство просечно да има плата од 1000 евра или 60.000 денари, но несмееме да останеме  на тоа. По сите можни основи треба да ги враќаме парите назад. Една од најважните мерки  која што веднаш после 11 декември ќе биде донесена од страна на собранието и имплементирана од страна на владата ќе биде враќање на 15% од данокот на додадена вредност . Сите ние граѓани плаќаме секој ден за се што значи наш живот, секаде го плаќаме данокот на додадена вредност. Ако потрошите 1000 денари има 180 денари  ддв внатре, ние предлагаме 15% од тоа ддв што го има на секоја сметка, за вода, за храна, за облека, за струја за се што плаќаме,  15%  да се врати назад кон граѓаните, рече Зоран Заев – лидер на СДСМ

Според Заев со враќањето на 15% од данокот на додадена вредност секое семејство ќе имало дополнителен приход од од 30.000 денари на годишно ниво, средства кои ќе биле многу значајни за секое семејство. Тој информираше дека ваквата мерка веќе била применета во некои земји и дала одличен резултат.

-Оваа мерка навистина ќе даде одлични резултати и ќе биде за секој граѓанин во нашата Македонија. Реализацијата е преку платежната картичка. Кога плаќаме во дуќанот, кога плаќаме во земјоделската аптека, во бутикот само ја даваме платежната картичка и таа ќе го инкасира данокот кој што секој го враќа, рече Заев

Покрај праведното оданочување кое треба  да овозможи послабо дохдовните семејства да плаќаат помали, а побогатите поголеми даноци мораме да направиме правично општество рече Заев  и најави ослободување на социјално најзагрозените семејства од комуналните давачки и целосно ослободување од давачките на најсиромашните.