Македонија
23. December 2019 - 17:03

Заев во проверка на градоначалникот на Лозово, Манчевски открил дека има лични недоразбирања

Кабинетот на премиерот Заев ќе го истражува случајот со мобинг и дискриминација врз поранешната вработена во општина Лозово Виолета Спасова. Откако таа вчера низ солзи раскажа за психичкото малтретирање кое речиси две години го трпела од градоначалникот Велковски, Заев вели дека без разлика на причините за ваквото однесување, човечноста треба да биде над се.

Министерот Манчевски пак открива дека се работи за лична нетрпеливост помеѓу вработената и градоначаникот. Сепак вели дека случајот ќе биде испитан докрај.

Виолета сепак не е единствената вработена во Лозово која тврди дека се соочува ваков проблем. По вчерашното емитување на прилогот до нашата редакција пристигнаа повеќе реакции со исти или слични ситуации во кои вработените добиваат дисциплински постапки без никаква основа. Вработените најавуваат и ZAEDNICKI POSTAPKI против Велковски и пријави во сите надлежни институции.