Бизнис
25. September 2018 - 19:40

Заев: Во петок ќе се знае дали ќе има ребаланс на буџетот

Ќе треба да се прави ребаланс. Премиерот Заев во петок на состанок со тимот од Министертсвто за финансии ќе ја разгледува реализацијата на буџетот.

Наплатата на приходите во буџетот оди според проекциите, затоа МФ смета дека нема потреба од ребаланс.

Но, со оглед на тоа дека трошењето на парите за капитални прокети и натаму оди тешко, Заев вели дека ова прашање ќе се отвори.

Од околу 392 милиони евра за капитални трошоци до август потрошени се само 91 милион или 23,31%. За помалку од три месеци Владата треба да потроши близу 300 милиони евра.

Премиерот е оптимист дека втората половина на годината е многу подобра и прокециите ќе се реализираат. Растот ќе стигне до 3,2%.