Македонија
10. јуни 2021 - 18:03

Заев во Париз на средба со францускиот претседател Макрон

Премиерот Зоран Заев денеска во Париз ќе оствари средба со францускиот претседател Емануел Макрон.

Од владината прес-служба попладнево информираа дека во состав на владината делегација се и заменик-претседателот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Во рамки на посетата, со која се одбележуваат 28 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, ќе се оствари и работна вечера со претседателот на Франција, Макрон, велат од Владата.