Македонија
4. September 2017 - 9:12

Заев во Израел на работен ручек со својот колега Нетанјаху

Премиерот Зоран Заев, кој е во официјална посета на Израел, денеска ќе има работен ручек со израелскиот премиер, Бенџамин Нетанјаху.

Заев во Израел, каде престојува на покана на неговиот израелски колега Нетанјаху, го придружува владина и бизнис делегација.

Официјалната програма за овој ден, како што соопшти владината прес-служба, предвидува и средба на премиерот Заев со лидерот на опозицијата Исак Херцог.

За време на посетата, одделни средби со своите колеги од Израел, ќе имаат и министрите за внатрешни работи, за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во текот на вчерашниот ден, премиерот Заев имаше средба со израелскиот претседател Руевен Ривлин. Демократската и реформска Влада во Македонија отвора можности за интензивирање на безбедносната и економска соработка со Израел, заклучиле на средбата Заев и  Ривлин.

Македонскиот премиер, придружуван од владината делагација со којашто е во Израел, беше и во посета на Јад Вашем во Ерусалим, Меморијалниот центар на Холокаустот. Тој положи венец во име на Република Македонија, во Холот на Сеќавањето, за 6-те милиони Евреи, жртви на Холокаустот и присуствуваше на молитвата за загинатите, меѓу кои и деца,  а засади и засади дрвце на мирот во Шумата на нациите, исто така во Ерусалим.

Попладнето Заев се обрати на Израелскиот совет за надоврешни работи, и на Бизнис форумот што го организира Владата на Република Македонија.