Заев во Драч на неформален состанок на премиерите од Западен Балкан
Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Драч ќе биде домаќин на неформалниот состанок на премиерите од земјите на Западен Балкан, а на кој ќе присуствува и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.
На состанокот ќе присуствуваат македонскиот премиер Зоран Заев, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, црногорскиот премиер Душко Марковиќ, како и косовскиот премиер Рамуш Харадинај, претседателот на на Европската банка за обнова и развој ЕБОР, Сума Чакрабарти. Своето учество се уште го нема потврдено премиерката на Србија Ана Брнабиќ, а бугарскиот премиер Бојко Борисов ја откажа посетата на Драч поради сообраќајната несреќа кај Своге во која загинаа 16 лица, а давесеттина се повредени.
Во соопштението од кабинетот на премиерот Рама, се наведува дека тема на средбата ќе биде заедничката визија за стратегијата за интеграција во Европската унија, зајакнувањето на регионалната економска зона, договорот за роаминг и започнување на разговори за реципрочно признавање на академските и професионалните квалификации.
Состанокот ќе се одржи во владината вила во Драч, а планирано е да започне во 10 часот, додека на пладне ќе има заедничка прес- конференција на премиерите и Хан.
Според албанските медиуми, овој состанок се одржува во време кога меѓу Косово и Србија е почната „жешката фаза“ онаа, како што се наведува, за корекција на границите, која треба да заврши со признавање на независноста на Косово од страна на Србија.
Првиот неформален состанок премиерите од Западен Балкан го имаа лани на 26 август исто така во Драч. На него, освен еврокомесарот Хан присуствуваше и потпретседателот на Светската банка за Европа и Азија Сирил Милер.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители