Македонија
24. May 2017 - 8:38

Заев во Брисел на средба со Могерини

Мандатарот за составување влада и лидер на СДСМ Зоран Заев вечер во Брисел ќе учествува на работна вечера што ја организира Високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини за премиерите на државите од Запден Балкан.
 
Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич, вчера за МИА изјави дека Заев е поканет да ја претставува Македонија на неформалната вечера на премиерите на шест балкански држави со Могерини во Брисел.
            
- Во однос на тоа кој ќе учествува од БЈР Македонија на оваа вечера, потврдуваме дека Зоран Заев доаѓа како „определен за премиер“, рече Коцијанчич во изјава за дописникот на МИА.

Како што информира портпарот на СДСМ Петре Шилегов, Заев најпрво ќе има билатерална срдба со Могерини, а потоа заедничката вечера со премиерите од регинот.

На денешната средба во Брисел ќе присуствуваат и премиерите на Србија Александар Вучиќ, на Црна Гора Душко Марковиќ, Еди Рама на Албанија, Иса Мустафа на Косово и Дениз Звиздиќ од Босна и Херцеговина.