Македонија
29. јуни 2020 - 16:47

Заев ветува продолжување на концептот за враќање на парите кај граѓаните

Концепт парите кај граѓаните за зголемување на животниот стандард и куповната моќ продлжува и во следните 4 години, вети лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска од Дојран како дел од средбите со граѓани во изборната кампања. Продложува и проектот Мој ДДВ.  Заев ја потврди финансиската поддршка од буџетот за туристичката дејсност и угостителството за справување на последиците од пандемијата.