Македонија
27. November 2018 - 16:07

Заев: Верувам дека одговорноста на Тодоров и Јанчев ќе поттикне и други пратеници да гласаат за уставните измени

Премиерот Зоран Заев  преку поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров и Митко Јанчев ќе го зацврстува и проширува двотретинското мнозинство во парламентот за последната фаза од уставните измени. Заев објави дека веќе имал средба со нив и уверен е дека тие ќе охрабрат нови пратеници за гласањето во јануари.

Премиерот се реши на ваков чекор откако 8-темина од опозицијата, кои првично му обезбедија 80 гласови, се изјаснија дека последните притвори не помагаат на процесот за помирување.

 Таа бројка од 80, која беше овозможена при првото гласање беше  само за тогаш и никој не може да каже дека таа бројка ќе опстојува . Јас искрено се надевам дека бројката ќе расте.Верувам дека тие имаат влијание во партијата, и покрај промените во позициите тие сепак се чувствуваат како дел од ВМРО-ДПМНЕ и затоа ги повикав на кафе во Струмица.

Средбата ја потврди и експретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Јанчев кој вели дека ќе помогне против опструкциите што лидерот Христијан Мицкоски ги прави на уставните амандмани.

Од партијата засега се без коментар за средбите и дека остануваат на својот партиски став дека договорот од Преспа е штетен и нема да поддржат промена на Уставот со цел промена на уставното име.

Заев, пак, вели е подготвен да учествува и во сообраниското координативно тело за помирување бидејки токму тој бил иницајатор на процесот. Во меѓувреме, при крај се и предлозите за помирување што во телото треба да ги дадат од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Се планира целосно ослободени од одговорност да бидат оние инволвирани во 27 април кои не учествувале во насилства или организација на настанот. За останатите се споменува преквалификација на делото што би било спомнато како заклучок на телото, а не во законското решение. Во заклучокот би стоело дека се порачува кривичните дела кои им се ставаат на товар да соодвествуваат со дејствата што се фактички сторени “, велат неофицијално од групата.

Координативното тело утре ќе го има својот прв работен состанок.