Македонија
14. September 2020 - 20:09

Заев утре во Атина на средба со Мицотакис

Со наближување на датумот за почеток на прегворите, се интензивираат и притисоците од соседите земјава во краток рок да се согласи на комромиси во рамките на заедничките комисии.  По заканите и уцените од политичарите во Софија, сега и бугарските историчари со обвинувања дека мешовитата комисија не ги носи посакуваните резулати. Комисикиот потпреседател од бугарска страна  Кајчев се жали дека таа не рвботи веке десет месеци, и дека има и други несогласувања, а не само околу Гоце Делчев.

-Гоце Делчев е и Македонец и Бугарин. - тој е Македонец во регионална смисла и Бугарин во национална смисла “.

Преспанскиот договор, билатерланите односи  и европската перспектива   утре ке биде во фокусот на средбата Заев –Мицотакис во Атина . Ова го најави портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас.  Тој истакна дека преку процесот намамекдонските евроинтеграции можат да се решат многу прашања кои ги наметнува спроведувањето на догворот од Преспа.

-Многу е важно што ќе имаме можност одново да разговараме, по изборите во соседната земја, според тоа ќе ги видиме сите овие теми и потсетувам дека ние сме од оние кои од прв момент имаме кажано дека можеме да разговараме за нашите теми, како овие што ги споменавте, но најважна е европската перспектива на земјите од Западен Балкан, преку која можеме да решиме многу прашања, преку интегративните, прединтегративните поглавја што ќе се отовраат и ќе се затвораат.

Премиерот Заев, утре и задутре ќе биде во дводневна работна посета на Грција, во рамки на мегународната конференција „24-та тркалезна маса со грчката Влада“, во организација на Економист.

Освен работниот  ручек со неговиот грчки колега Мицотакис, тој ќе се сретне и со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу.